Saturday, January 7, 2012

VULNERANT OMNES ULTIMA NECAT (Песна за ДЕДИ)

те сретнав еднаш пред многу векови
во бесконечноста на виртуелниот свет
нашите зборови беа горчеливи лекови
и јас,ко и ти, бев протеран и проколнет

те викав џедај, те викав дајџа, тебе ДЕДИ
хеби га, бевме на ти, ко стари пријатели
на blog.com.mk беше единствениот што вреди
имаше силна опозиција и многу обожаватели

те почитував бидејки никого не штедеше
пердашевме во дует се` што не ни штимаше
почитувавме и пофалувавме се` што вредеше
и ти, исто ко и јас, остар јазик имаше

џедаите не умираат, џедаите се вечни
мило ми беше што те сретнав на патот
почивај во божјите ловишта бесконенчни
прости ми, што ти го расипувам рајатот

Вечна ти пaмјат!!!

R.I.P.

No comments: