дојдов како немирен гром
од небесните височини
и удрив в коприви
се изџаркав
од лутината
со сопствените зборови
убивав
не дека ме разбраа
што им зборувам
мислеа дека сум вулгарен
хахаха
само така сакав да им изгледам ним
на слабите по дух
тие не знаат дека јас сум игра
и глумец
тие никогаш нема да ги разберат
моите улоги
одиграни
и
неодиграни
моите ликови се тајна
сама по себе
цврст сум
и неспокоен
корнам
и разнебитувам
мрак
осветлувам
со гром
во срцето
шива и христос
истовремено
непристоен сум
распучин ми е прабрат
не ме читајте
не сум за вас
не ви припаѓам вам
просечните
мојата мисла е двобој
разорен сум
разорувам
длабоко
нагонски
инстинктивно
бојам со црнила
за да ве освежам
вас мртовците
не ви се бендисува
а?
оштро
и ниско
болно
вам ионака зборот
ништо не ви значи
а јас
јас можам да бидам
и возвишен
и вулгарен
зашто можам
даено ми е
еднаш сакав да ви се приближам
далеку бев
далеку с-ум
не ги поимате
моите тетеравења
моите митарења
моите премрежија
јас сум луд
и моето лудило има ред
длабок
совршен
интелигентен
ве прочитав
и ве изброив
на прсти
и право да ви кажам
не ме бендиса
скорот
останавте
буквална
статистика
во зеницата на денот
не дека не ве сакам
ве сакам
и затоа ме боли
душава
бидејки зборот
ми е ѕверски
отровен
намерно
за да се одбиете
од него
и да се оддалечите од мене
немате аир
и ако ме разберете
нема да ме сфатите
ќе ме осудите
таква ви е
структурата
ментална
затоа ви го извадив ножот
од корици
и ви го забодев
в глава
в мозок
во умот
ве преполовив
надве
ви го пресеков
corpus calosum
сега сте
две
одвоени
хемисфери
СДСМ и ВМРО
племе
диво
месо
сфатив дека
не ве бива
и ве бива
за едно
кочоперење
вие сте сезнајни
а јас
јас сакам
да ви се курчам
затоа и ве залажав
паднавте
избегавте
од мојата вулгарност
беден е по дух
човеков
помисливте
во умовите свои
скудни
а јас
јас ги ништам
со погрдни зборови
скотовите
кои не ме признаваат
за жив
МАКЕДОНЕЦ
ги рокам
ама џабе
нивното лудило е
поголемо
од моето
а вашето?
грмнав тука
во вас
како гром
од небеста
божји
в коприви
и се изџаркав
од лутината
на моите
зборови
а сакав
сакав да побарам
милост
и
прошка
за вас
од мене
и од него
но...
и тоа не го разбравте
зашто сте пијани
опиени
од глупоста
и бедата
фатиле длабоки
корени
во вашите срца
и
само вие
можете да ги
откорнете
јас не ви помагам
знам
ама
не можам
не сте спремни
не сакате
не се сакате
самите себеси
и тоа е
вашето
најголемо
проклетство
дојдов
а сега
си одам
пријатно
No comments:
Post a Comment