ги сакам храбрите и им се восхитувам на мудрите
од подлеците се клонам, а сочувствувам со слабите
и тогаш кога по моите зборови со сила ќе удрите
знам дека ќе ми помодрат усните и испаднат забите
не можам да ве осудам, срцево не ми дозволува
иако понекогаш умов знае остар прекор да изречи
душава тогаш со внатрешен не-мир ми се споболува
и ништо земно болката не може да ми ја излечи
длабоко внатре во тишината ги барам причините
онаму од каде што зборот мој силата своја ја црпи
и еден ден кога заради него мене ќе ме обвините
знам дека душава моја ќе мора сета мака да ја трпи
затоа вечерва се будам од оваа страна на океанот
и во песочниот часовник ги цртам своите кругови
и тогаш кога зборовите мои ќе ги избрише бранот
ќе ви речам едно - НЕ СПЛЕТКАРИТЕ ДРУГОВИ
No comments:
Post a Comment