Thursday, January 3, 2008

старите богови

тие се вечно млади
а сепак го познаваата универз-умот од зачетокот
тој е нивно вечно првороденче
го зачнаа како ПРВА МИСЛА
му дадоа ИМЕ И ФОРМА
го крстија во сопствената крв
а го венчаа со сопственото срце
тоа му беше и ќерка и сестра и мајка и жена и љубовница
и сега
тој
унивез-умот
расте
се шири
се раѓа и умира
се пре-по-раѓа
ВО СОПСТВЕНОТО СРЦЕ
а боговите
тие вечно младите пра-старци
БДЕАТ НАД НЕГО
како над свое ПРВО-РОДЕНЧЕ
при секое ново раѓање одново проодува
со не-сигурни детски чекори
при секое ново гугање
одново ми меша согласките и самогласките
ах тоа не-мирно универз-умче
кипти од сила
се смее
и плаче
како и секое дете
ОД СРЦЕ
и открива
секој ден низ игра открива
СО ЗАЧУДЕН ДЕТСКИ ПОГЛЕД
ја открива својата боженствена природа
и со секое ново откритие
чувсвува нова радост
и нова болка
и нова тага
и собира
нова мудрост
и дели
нова љубов
и копнее
ПО СТАРИТЕ БОГОВИ
ПО НИВНАТА ВЕЧНА МЛАДОСТ
копнее со срце на жена
полно со искрена љубов
кон
ВЕЧНОСТА





No comments: