Monday, May 5, 2014

It’s just a mind game

Ја играме играта помеѓу доброто и злото
Ние несвесните ега, ние бесмртните богови
Копнежот по врвот не треска од дното
Прво ни дава крилја, а потоа ни набива рогови

Животот си го претвораме во пекол и во рај
И тие сништа ги заменуваме со нашето јаве
Мракот го доживуваме како сончев сјај
Верувајте, глуп е секој што мисли дека знае

Умирањето на рати живот го нарекуваме
Убедени сме дека слепилото ни е единствениот вид
Взаемно се труеме, а мислиме се лекуваме
Место Тријумфална капија стануваме Берлински ѕид

Бестрашната љубов со параноиден страв сме ја замениле
А верата во Бога со некаква си научна скепса
Бескрајните небеси длабоко во срцата сме ги скамениле
Душевните рани ни предизвикуваат телесна сепса

Ах кога само еднаш внатре во себе би погледнале
Онаму каде што вистината од својата лага ја криете
Таму каде што сите ваши гревови од вас побегнале
Ќе сфатите наместо да цветате сте одбрале да гниете

3-ти Мај, 2014-то лето Господово





No comments:

Post a Comment