Monday, May 5, 2014

Јас поетот

Кога бев млад, невин, наивен, глуп, луд и бесен
Мислев дека сосила можам да го променам светот
Денес кога сум подостарен, поискусен и посвесен
Сакам Бог да му подари мудрост и љубов на поетот

Едно време се гордеев со своите стихови и песни
Денес преку нив сакам своите пораки да ги пренесам
Сфатив дека световните патишта воопшто не се лесни
Затоа се трудам што помалку глупости да тресам

Јас поетот исто како сите вас сум кон светот свртен
Иако еден дел о мене постојано трага по самиот себеси
И посакува кога ќе дојде последниот час смртен
Со потполана свесност да се вивне во Божјите небеси

Ова што го пишувам е плод на моето лично искуство
Умствен креативен напор и чиста срцева инспирација
Алхемиска реакција на идеја поткрепена со чувство
Боженствен мир опишан со безгласна вибрација

5-ти Мај, 2014-то лето Господово

No comments:

Post a Comment