Saturday, May 25, 2013

Многу невини и наивни бладања во соно



Многу количества невиност во срцево мое убив
Многу смрт во живата река на постоењето внесов
Многу од душава на комар со лукавиот изгубив
Многу јад, жолч, бес, отров и глупости истресов

Половина век ваму-таму талкам по земјинава кора
И тек тук во понекоја душа некакви траги оставам
Правам напори да се разбудам од оваа ноќна мора
Се обидувам себеси, а и светот да не го запоставам

Често наивни и луди летови во место изведувам
Јас сум виспрено чедо на трагедијата и комедијата
Од штиците на животната сцена се сопкам и се повредувам
Фала Богу, сеуште ми чука срцево и здрава ми е шијата

Многу розови соништа и оптимистички планови ковам
Многу често од сопствените висини на бапкам паѓам
Многу успешно во од мене поставените замки се ловам
Многу совршено знам да претпоставувам и нагаѓам

Еднаш напишав дека јас сум некое многу чудно копиле
Се трудам пораките на Творецот да ги толкувам и сфатам
Богот на војната ме завел, а божиците на љубовта ме опиле
Затоа во лимбо сум заглавен и во чистилиштето патам

Да бидам искрен, добро е, сеуште сум на нога, се крепам
Тро сум ќор, а тро и наглув, ама умо сеуште ме служи
Имам мирен сон, деној сончеви, ручеко и вечерата ги тепам
Арно ама, сеуште немам женска душа на пато да ме дружи

Можеби таква е волјата Негова, сеуште не сум спремен
Изгледа некоја важна животна лекција немам научено
Свесен сум дека во срцево имам по некој агол темен
Бидејки потполно, сега и овде, умов не го имам вклучено

Едно Господе Боже со сигурност и без двоумење знам
Дека Твојата волја секогаш и секаде била, е и ќе биде
И никогаш на патот низ својов пекол нема да сум сам
Бидејки срцево мое Тебе Те позна само што Те виде

Затоа Господе Боже длабоко од праизворот велам
Нека биде волјата Твоја и нека се слави името Твое
Дозволи ми љубовта со душа сродна да ја споделам
И секој животен миг од љубовта Твоја нека е освоен

No comments:

Post a Comment