Saturday, May 25, 2013

Повторно родената


Господ Бог ми дозволи тебе на патот да те сретнам
Ми даде шанса на патот да искусам уште една жена
И повторно морам своето рамо да го подметнам
За и ти душо мила што побрзо да бидеш ослободена

Те сретнав меѓу паднатите ангели, птиците полумртви
Со срце скршено, лице насмеано, душа од патот уморена
На лукавиот му беше уште една од многуте несвесни жртви
Беше срна ранета, елка од секирата на злото соборена

Кога ме виде, со насмевка ги осоколи своите ведри очина
И со својата чиста енергија ме преплави, ме изненади
Ми зборуваше дека си во друштво на некоја штеточина
Беше жена која сака нешто со некого да разјасни и изглади

Јас ти реков дека лекувам души со broken heart syndrome
И дека врз умот и срцето суптилни операции правам
А на твојата чиста енергија се закачив како на јадица сом
И посакав повторното раѓање на љубовта да го славам

Ме обзеде Господе, Твојта љубов, Твојта сила невидима
Во тој миг ја почувствував Твојта маѓија бо-женствена
Одма видов дека нешто не е ок, дека нешто не ми штима
Свесен бев дека налетав на уште една повредена жена

Но, почувствував дека сеуште срцето и’ е подотворено
Енергијата што ме понесе беше доказ дека јас треба
Да ја поправам штетата што лукавиот ја има сторено
И да ја насочам оваа душа кон нејзините внатрешни неба

И така јас пак се вмешав во нечија карма негативна
Повторно заклучувајки дека таква е волјата Твоја, О Боже
А повторно-родената сакаше сал болките да и’ стивнат
И полесно да помине низ својот процес тежок и сложен

Но, не очекуваше соочување со сопствената глупост и беда
Мислеше дека на раните ќе и’ ставам мелем, завој и газа
Боли превземањето на одговорноста за секоја своја повреда
А итрецот, лукавиот, почна да глуми наива, обична tabula rasa

Почнаа на површина да излегуваат ламјата и панцирот
И сите костури одамна сокриени во мракот на плакарот
Се појавија главоболки и секојдневие стана не-мирот
Рената почна да се преиспитува – каде ли е тука ќарот?
Премногу си строг, лошо ми е, не мом да те пратам
Не сум спремна, почна да ми глуми твојата жртва
Многу ми е, боли, што ми го правиш не мом да сВатам
Лукавиот сакаше да ми докаже дека лавицата е мртва

А јас ти велев – јас баш неа ја сакам и ја почитувам
Мене ми треба и жртвата и робот на твојот его ум лукав
Затоа огнот во тебе го распалувам и железото го усвитувам
Затоа со сета сила на портите на твоето срценце чукав

А ти вчера ми рече – јас во љубовта повеќе не верувам
Но твоето искрено смеење токму спротивното го покажуваше
Не сакам лавице моја мила повторно да претерувам:
Дали себеси или мене да ме излажеш неуспешно се обидуваше?

Ти реков – не сум дете, маж сум осетлив на енергијата чиста
Можеш да ја ослободиш или да ја закопаш внатре во себеси
Но после средбата со мене ти никогаш повеќе нема да си иста
Доказ е енергијата што протече од твоите внатрешни небеси

И пак мораме да се вратиме на лукавиот, на сомнежот и стравот
Твојот несвесен его ум е твојата прва и последна препрека
Ако лавицата само малку му поверува и му се препушти на лавот
Тогаш ќе го добиеш она по коешто срцето твое одамна пека

Зборовите не значат ништо, ако не се поткрепени со дела
Дозволи ми на дело да ти го докажам ова што го зборувам
Се сретнавме и тоа е доказ дека тука судбината се вплела
Сето друго зависи од тебе, нема повеќе да се повторувам

Р.Ѕ.

Да се видиш со моиве очи посакувам многу
И со моево искрено срце да се почувствуваш
Морам да бидам вистинит, фала Богу
Рената - сакам во мојот живот да присуствуваш

И на крајот пак свесно ќе речам
Нека биде волјата Твоја О Господе Боже
И пред олтарот свој ќе клечам
И ќе молам – Милост, милост, ако се може

Милост за нас душите изгубени
Свесност Господе и жива вода
За сите нас во слепилото заљубени
Дари ни мудрост, љубов и слобода

No comments:

Post a Comment