Saturday, May 25, 2013
Животот е чудна работа
Не’ створил Господ според Неговиот боженствен лик
Ни дал меко срце, бистар ум и божје тело совршено
И всадил внатре еден бесмртен светлосен мировник
И намерно оставил нешто недоизречено и недозавршено
Не’ обдарил со слободна волја за да го довршиме делото
И свесност и љубов, бесконечна енергија креативна
Не’ створил како делови кои во себе го содржат целото
Тој, Океанот на чии брегови нашите бранови ќе стивнат
Имаме се’ што ни е потребно да бидеме среќни и задоволни
Па сепак постојано на нешто се жалиме и кукаме
Се раѓаме живи и здрави, а умираме физички и умо-болни
На се’ што од Бога ни е дарено разбеснети плукаме
Очигледно во меѓувреме ни се случува нешто страшно
Нешто што не’ оддалечува од ликот што Бог ни го всадил
А направени сме по Божји рецепт од ѕвездено брашно
Цветови во рајската градина што Бог со љубов ги навадил
Навистина, мора наопаку да тргнало нешто многу важно
Негде на Патот мора да сме скршнале и заталкале
Затоа имаме доживување дека се’ е бесмислено и лажно
И старадме бидејки во гревови сме се извалкале
Не, не и не, Бог рецептот го има згрешено или промашено
Тој е крив за се’ што ни се случува нам, Неговите чеда
Затоа од вистинскиот животот се имаме смртно уплашено
И наместо во мудрост и љубов, живееме во глупост и беда
Ха, ха, ха, Господ има многу опасна смисла за солзи и смеа
И токму во тоа е Неговата таинствена совршеност и величина
Ние сме творби на неговата промисла – најпарадоксална идеа
Во суштина сме безгрешни, а полни со чувства на вина
Види, навистина ова што ни го прави Бог е многу гадно
Се’ ни е даено, а не знаеме како тоа да го употребуваме
Затоа животот го врвиме в-чудо-не-видени бедно и јадно
И при секое враќање Бог во своите срца го погребуваме
No comments:
Post a Comment