Saturday, May 25, 2013

Еден сум од Твоите



Еден сум од оние што во својот надземен гроб се закопани
Еден сум од оние што на лукавиот му се продале на парче
Еден сум од оние што на душата своја не му се стопани
Еден сум од оние предвреме остарен, излитен и поаречен

Господе вриштам во своите дамари по Твојот глас, по знак
Ко ранет лав гласно рикам СРЦЕ МОЕ ЛАВОВСКО - ОТВОРИ СЕ
Гризам од сопственото месо бесен и уплашен во својот мрак
Додека ѕверот во мене крвожедно завива УБИЈ, РАСКИНИ, БОРИ СЕ

Ми ја краде љубовта, ми го убива денот, светлината ми ја одзема
Ми ја уништува жената, срце ми корне и камен ми всадува
Во крвта моја ни ронка од Божјата животворна енергија нема
Господе помагај, лукавиот од ден во ден подло ме совладува

Милост Господе, за мене грешниот, за мене Твојот непрокопсан син
О благородна севозвишена Дево Маријо, О прамајко моја мила
Сакам да бидам твое чедо, човек добар, мил, нежен, кроток, фин
Да се гордееш со мене и да ти се радува срцето што си ме родила

Помаш барам од Вас О Прататко, О Прамајко, О родители небесни
Чујте ја молбата на ова срце што копнее по вашата љубов безусловна
Помогнете ми да станам едно од Вашите чеда благородни и свесни
И да се ослобадам од мојата гупост и беда, од сопствените говна

Милост Господе, за мене паднатиот ангел, за мене ѕверот крвожеден
Помогни ми да се соберам и повторно на нозе да се исправам
И да Ти докажам дека за довербата и за љубовта Твоја сум вреден
Помогни ми повторно да научам со душа и од срце да давам

Води ме Господе, О Ти сило небесна и невидима
Води ме по патот пред Твоите свети стопала
И покажи и’ дека на краjот од тунелот светлина има
На оваа душа што во надземниот гроб се закопала

OM SAI RAM

No comments:

Post a Comment