продаваат семки, леблебии, кикиритки
продаваат сончоглед, бадеми, лешници
господе, за нивните его умови плитки
јас сум еден од најголемите грешници
опсано е човек да е премногу свесен
опасно е да притискаш прави копчиња
нивниот ум многу лесно станува бесен
ќе те распнат неговите верни ропчиња
продаваат ф`стаци, оние најпродуховени
прадаваат ореви, оние што знаат и можат
несвесни дека се пленови лесно уловени
спремни во бесот со нула да те помножат
опасно е кога слабостите ги препознаваш
посебно е опасно кога ги знаеш и игрите
во искушение си опасни контри да им маваш
и да изигруваш нај-тигар помеѓу тигрите
о господе, често свесно им продавам и јас
понекогаш знам многу убави работи и да купам
дали господе од лукавиот ќе доживеам спас
тогаш кога ќе престанам со него да се дупам
а сакам дупашлаци, мајтапи, сакам да се шегувам
со празно шупливите бадеми, ореви и лешници
многу често муабето во друг правец забегува
и тогаш станувам еден од најголемите грешници
уживаат моите игри да ги прогласат за грешни
колку со сласт ме расчеречуваат и распнуваат
и додека детето во мене игра, баш ми се смешни
ги гледам како победнички во играта ликуваат
о господе, на мира не ги оставам продавачите
боцкам онаму каде што најмногу егата ги боли
најмногу ги сакам проповедниците и толкувачите
господе, прости ми, грешникот во мене те моли
Јас и натаму сакам во нивните очи да сум грешен
Моето дете сака да остане живо, радосно и палаво
Јас сакам да сум чуден, лош, не-воспитан, смешен
Тоа докажува дека во мене сеуште има нешто здраво
No comments:
Post a Comment