пукајте во мене, јас сум небо, нема да ме промашите
пукајте во мене со сета сила на вашиот гнев
пукајте во мене и тогаш кога ќе се уплашите
пукајте и немој да мислите дека правите грев
пукајте во мене кога ви ги исмевам боговите и мастерите
кога се мајтапам со вашите соништа и вредности лажни
пукајте во мене, не се битни мотивите или намерите
пукајте во мене и тогаш кога сте депресивни и тажни
пукајте во мене со погледи и со зборови прости
пукајте бидејки јас тоа сигурно сум го заслужил
пукајте во мене со подлости, со интриги, со пцости
пукајте кога веќе шанса за пукање сум ви пружил
пукајте без око да ви трепни, немој да ме штедите
јас сум бесконечна празнина и можам да ве примам
подобро мене, одошто самите себеси да се повредите
пукајте во мене, за вашите куршуми разбирање имам
а од вас јас ништо не барам и ништо не очекувам
освен она што вообичаено по инерција го правите
и не берете гајле, знам како раните да ги лекувам
пукајте веќе еднаш и престанете да ме гњавите :)
No comments:
Post a Comment