Saturday, December 1, 2007

Ми влезе ѓаоло

Шубо си бев со камионо и со пато
И наеднаш од ненадеж ми влезе ѓаоло
Си кладов си велам, беља на врато
Ќе се возам со него, а си возев соло

Тој натемаго е компилација чудна
Не мојш да го фатиш ни за опашката ни за глата
Од убаа леснина, прај ситуација трудна
Абе си велам, ш’убо ми беше јас и камионо, двата

Ама ај разбери се со лукавио ако можиш
Ќе те купи, ќе те продај и нема да го сетиш
И сета своја сила против него да ја вложиш
Пак планојте негој не мојш да ги пореметиш

Тој ни ора, ни копа, а со секој тикви сади
Тој е левата рака на Госпо, тој искушува
И независно колку сме стари или млади
Тој со сите свој итроштиње врз нас се срушува

И секојдневно со по некоја загатка ме тестира
А јас често на удрен се правам
Ама типо пак не ме остава на мира
Независно дали на дикат го клавам

И знам дека нови стапици ми спрема
То му е работа, зато од Госпо е створен
И секојдневно од мене данок во крв зема
Се додека еден ден не г’откорнам од корен

1.12.07 AD

No comments:

Post a Comment