Saturday, October 13, 2007

Тврд им е - СТАВОТ

Тврдат дека ова е оаза на мирот
Тврдат дека ова е земјата ветена
Од вакви глупости ми пука чирот
И левата хемисфера ми е оштетена

Тврдат дека сме на правиот пат
Тврдат неминовно ќе бидеме признаени
Знам кога газо под кирија ќе ни го дат
Бидејки сме веќе во тесно клаени

Тврдат дека во Европа пријатели имаме
Тврдат дека треба да им помогнеме
Треба само со глава да климаме
И уште малку сили да смогнеме

Тврдат дека уше тро ќе бидеме примени
Тврдат топката е во Нациите Обединети
Уште умо не ви иди о глави лимени
Утре за предавство ќе бидете обвинети

Тие сакаат на плеќи да не кутнат
Со заслуга на надворешната дипломатија
Тие сакаат на здраво да не дупнат
За тоа одамна си платија

Зарем масоните да ги нарекуваме пријатели
Политичка демагогија или глупост сочна
Лека ноќ мили гледачи и драги слушатели
Вие довршете јас кај шо почнав

28.12.92

No comments:

Post a Comment