Saturday, October 13, 2007

Преплавување

Пак ме овердозираат
Со странски филмови војни
Повторно на ТВ позираат
Униформирани фаци гнојни

А вие верувате силно
Во некаква си демократија
Племе д’ебам дебилно
Зошто не ме сфатија

Плано одамна е скроен
Ова е само финале
Се снима филм воен
Режисерите еве се збрале

УНПРОФОР, ООН, НАТО
На молохот верни робови
Чуј шо ти вели бато
Платени копачи на гробови

Ние знај сме поделини
Уше на ноѕе не кренати
Тукушто покакани пелени
Од меѓуноѕе не сменати

И зошто стоко поделена
Меѓусебно да се колиш
Ќе те чуе ли оваа вселена
Кога за прошка ќе молиш

30.11.92

No comments:

Post a Comment