Saturday, October 13, 2007

Зад бирото

Седам зад оваа маса
Другите биро ја викаат
Мислата негде ми вјаса
Додека ѕверовите внатре рикаат

Нема време за чекање
Ми корнат ткиво по ткиво
А јас со безгласно лелекање
Им пцујам се’ живо и диво

Ко стрвинари ме надлетуваат
Кој ден е денес, која дата
Двапати месечно ме силуваат
Со посрана половина плата

29.3.93

No comments:

Post a Comment