Sunday, June 30, 2013
Е па да, е па не
Им цртам на ангелите, уши имаат, но не и слух
А и слепи се кутрите, при очи и при вид
Јас им приоѓам однатре, како светиот дух
А тие уплашени се бапкаат во својот ѕид
Не ги сфаќаат цртежите мои, срценцата повредени
Бидејки јас цртам со внатрешни невидливи бои
Ах, вие души што од кармата своја сте победени
И не дозволувате здивот на вечноста да ве освои
Јас можам да ви помогнам ко небо да се отворите
Со мојата љубов, безусловна и неограничена
Но ништо не можам, ако против мене се борите
Со вашата глава, вжештена и успаничена
Вчера беше Е ПА ДА, а денеска е Е ПА НЕ
Колку е менлив и минлив човечкиот став
Во срцето е ЕДНО, додека во умот е СЕ’
Умот е уплашено зајаче, а срцето е лав
Знај цената ќе ја платиш со сопствената крв
За животот што безљубовно минал покасно ќе се каеш
Дека си дозволил да те изаде сомнежливиот црв
Длабоко во срцето и те како знаеш
На крајот сепак, изборот е лично твој
Ти бираш кој пат да го фатиш
Ако ја закопаш главата в песок ко ној
Страдањето нема да го скратиш
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment