Wednesday, February 8, 2012

смисла за тумор

луѓето имаат многу нејасни граници
луѓето се ограничуваат самите себеси
луѓето се опасни ментални пијаници
луѓето ги заѕидуваат божјите небеси

луѓето од божјото демонско прават
луѓето на лукавиот наивно му веруваат
луѓето затоа не можат да оздрават
луѓето буквално во се` претеруваат

луѓето имаат чудна смисла за тумор
луѓето место да се смеат плачат
луѓето се силни, а страдаат од умор
луѓето на самите себеси малку си значат

и шо сега јас тука за луѓето ви зборувам
синкир тоа самите ко да не си го знаете
нема потреба лекцијата да ви ја повторувам
луѓе, освестете се, оти после ќе се каете

No comments: