Верглаат умовите човечки за љубовта, О Боже
Се натпреваруваат љубов што е да си докажат
И секој од другиот повеќе љуби, знае и може
А пред се` себеси, а потоа другите ги лажат
Не знаат ништо, малку можат, а колку ли љубат
Колку нивните концепции, сомнежи и стравови
А во етерот сите јасно и глaсно без срам трубат
Во љубовта сме нежни лавици и моќни лавови
А љубовта во нивните срца молчи и си се смее
Иако прекриена со купишта гнев и еонска тага
Таа гордите вљубени глави како снопје ги жнее
И во вечниот бескрај ја пишува својата сага
Бог е љубов! - сите духовни Учители тоа го зборуваат
Го откривте ли тоа во своите срца, о глави вљубени
О папагали кои напамет приказната ја повторуваат
А кога ќе се јави љубовта, тогаш сте ко изгубени
Љубовта е еднакава на смрт, го знаевте ли тоа?
Љубовта е потоп што преплавува, земјотрес што руши
Љубовта е Содома и Гомора и бродот на дедо Ноа
Пожар што срца согорува, пустина што усни суши
Љубовта е најголемиот убиец и креативен чудотворец
Љубовта е длабока без-дна во која сите души про-паѓаат
Љубовта е работливиот Германец и мрзливиот Црногорец
Таа е почва во која плодовите умираат,а семињата раѓаат
Ах, колку за неа сакаат да пљампаат нашите човечки ега
Ах, колку сакаат да копнеат, да воскликнуваат, да патат
А љубовта ни е постојано под носот, баш овде и баш сега
Но, срцата не чувствуваат, а умовите не можат да сфатат
Срцата сме ги стврднале, скамениле и во студ сме ги остинале
Со умовите во страст заблудени и со лажни вредности помрачени
Во текот на животот сфаќаме дека на крајот кур сме шинале
Со своите земски блага, со позициите стекнати и титулите врачени
А во меѓувреме, љубовта ни станала мал флерт, сексуален чин
Срцебоцкање, нервоза, напор или повремена доза на тестостерон
Невината ќерка станала кучка, во ѕвер се претворил божјиот син
Заталкале во бескрајот, а за да се вратат назад им треба еон
И повторно е виновна таа - љубовта којашто срца заведува
Повторно е крива таа - љубовта - којашто срца на парчиња крши
И пак е љубовта таа којашто душите длабоко ги повредува
Којашто младите вљубеници ги претвора во лешеви, трупови, мрши
А таа е првиот и единствениот закон на антигравитација
Којшто мртовците ги закопува, а живите ги воздигнува
Љубовта ми ја порекнува секоја ментална мастурбација
Потоа кротко ми се насмевнува и заводливо ми намигнува
Ја знаете ли љубовта навистина, о вие што жарко ја опишувате
Имате ли барем една права средба со неа и исконско доживување
О вие мачни души што секојдневно здивот нејзин го вдишувате
И од сржта своја правите ментално, вербално и телесно силување
Не, нити јас, нити пак вие знаете што е љубовта права
За љубовта можеме само да претпоставуваме и нагаѓаме
Затоа Господ ни дарил љубечко срце и мисловна глава
И додека неа не ја откриеме ќе умираме и ќе се раѓаме
No comments:
Post a Comment