Погледнуваш во нечии очи
Длабочина ...
До бесконечност
И се прашуваш ...
Без зборови
Онака ...
Се чудиш
В-чудо-не-виден
Си велиш - Боговите мора да згрешиле негде
Зарем е можно
И повторно и` се враќаш на “реалноста“
Гледаш ...
И не можеш да и` се изначудиш
На реалноста
Се прашуваш
Со зборови
Како е можно?
И пак се чудиш
Прашање со чуденка на крајот
Онаму каде што се среќаваат световите
Гледаш светнува бистрина
И извира солза
И умира на изворот
Сопрена
Од болка
Од страв
Да не биде препознаена
Од мене
Господе
Страдање ...
Никогаш досега не сум видел страдање во бело
Прекриено со толкава прекрасна убавина
И женствено достоинсво
Облагородена грациозност
Тоа убива
И боли
И храбри
И исцелува
Си мислиш ...
Со поглед
Вперуваш
А целта ...
Бесконечна
Погледот ти се храни со убавина
Мир и љубов те прекриваат
Како топла мајчинска прегратка
И некоја цврстина однатре ти дава храброст да опстоиш
Во разговорот
Свесен с-ум
Свесноста во мене ...
Не ми дава да бидам обземен
Свесноста во мене ...
Ах таа свесност
Тој висок врв вперен во небесата
Ништо не може да го преплави
Дури ни љубовта
Ни страдањето
Ни смртта
Само слободата може ...
Седам така в-чудо-не-виден
Свесен
И не можам да му се из-на-чудам на горнион
Ме става во искушенија на кои не можам да им подлегнам
Свесен с-ум
Знам дека боговите заоѓаат во мирот
Бев почестен да го почувствувам мирот
Во ...
И ...
Тогаш повторно светнаа солзите
На границата
Помеѓу световите
Ах, само да знаете колку во моментов ми сметаат зборовите
И ми недостасуваат исто-в-ремено
Свет` е овој свет
Иако не-до-изречен
Тој кажува се`
Преку својата не-до-из-реченост
И` погледнав во бесконечноста
А таа ми рече
Ова сум јас
Се насмеав
Внатре
Во себеси
Молчеливо
Човек копнее ...
Копнее по самиот себеси
Ах, колку боли тој копнеж
За себе-спознание
Се` додека ...
No comments:
Post a Comment