Monday, June 27, 2011

O ќептан, мај ќептан

светиот шепот свето и` шепоти на светата зора
свет е светот на светците кои свето светат
и додека денот им се претвора во ноќна мора
светите светци свети мрежи за слепците плетат

о господе, ги сакам мастерите самопрогласени
светот со светоста на светиот шепот го просветлуваат
верувам дека во светата мугра многу души ќе бидат спасени
се надевам дека светлината во срцата свои ќе ја сочуваат

Saturday, June 25, 2011

Пукотници се слушаат од Галичник до Река

пукајте во мене, јас сум небо, нема да ме промашите
пукајте во мене со сета сила на вашиот гнев
пукајте во мене и тогаш кога ќе се уплашите
пукајте и немој да мислите дека правите грев

пукајте во мене кога ви ги исмевам боговите и мастерите
кога се мајтапам со вашите соништа и вредности лажни
пукајте во мене, не се битни мотивите или намерите
пукајте во мене и тогаш кога сте депресивни и тажни

пукајте во мене со погледи и со зборови прости
пукајте бидејки јас тоа сигурно сум го заслужил
пукајте во мене со подлости, со интриги, со пцости
пукајте кога веќе шанса за пукање сум ви пружил

пукајте без око да ви трепни, немој да ме штедите
јас сум бесконечна празнина и можам да ве примам
подобро мене, одошто самите себеси да се повредите
пукајте во мене, за вашите куршуми разбирање имам

а од вас јас ништо не барам и ништо не очекувам
освен она што вообичаено по инерција го правите
и не берете гајле, знам како раните да ги лекувам
пукајте веќе еднаш и престанете да ме гњавите :)

Friday, June 24, 2011

Facebook or Vanity fair

продаваат семки, леблебии, кикиритки
продаваат сончоглед, бадеми, лешници
господе, за нивните его умови плитки
јас сум еден од најголемите грешници

опсано е човек да е премногу свесен
опасно е да притискаш прави копчиња
нивниот ум многу лесно станува бесен
ќе те распнат неговите верни ропчиња

продаваат ф`стаци, оние најпродуховени
прадаваат ореви, оние што знаат и можат
несвесни дека се пленови лесно уловени
спремни во бесот со нула да те помножат

опасно е кога слабостите ги препознаваш
посебно е опасно кога ги знаеш и игрите
во искушение си опасни контри да им маваш
и да изигруваш нај-тигар помеѓу тигрите

о господе, често свесно им продавам и јас
понекогаш знам многу убави работи и да купам
дали господе од лукавиот ќе доживеам спас
тогаш кога ќе престанам со него да се дупам

а сакам дупашлаци, мајтапи, сакам да се шегувам
со празно шупливите бадеми, ореви и лешници
многу често муабето во друг правец забегува
и тогаш станувам еден од најголемите грешници

уживаат моите игри да ги прогласат за грешни
колку со сласт ме расчеречуваат и распнуваат
и додека детето во мене игра, баш ми се смешни
ги гледам како победнички во играта ликуваат

о господе, на мира не ги оставам продавачите
боцкам онаму каде што најмногу егата ги боли
најмногу ги сакам проповедниците и толкувачите
господе, прости ми, грешникот во мене те моли

Јас и натаму сакам во нивните очи да сум грешен
Моето дете сака да остане живо, радосно и палаво
Јас сакам да сум чуден, лош, не-воспитан, смешен
Тоа докажува дека во мене сеуште има нешто здраво

Monday, June 20, 2011

Bocca (или страдање во бело)

Погледнуваш во нечии очи
Длабочина ...
До бесконечност
И се прашуваш ...
Без зборови
Онака ...
Се чудиш
В-чудо-не-виден
Си велиш - Боговите мора да згрешиле негде
Зарем е можно
И повторно и` се враќаш на “реалноста“
Гледаш ...
И не можеш да и` се изначудиш
На реалноста
Се прашуваш
Со зборови
Како е можно?
И пак се чудиш
Прашање со чуденка на крајот
Онаму каде што се среќаваат световите
Гледаш светнува бистрина
И извира солза
И умира на изворот
Сопрена
Од болка
Од страв
Да не биде препознаена
Од мене
Господе
Страдање ...
Никогаш досега не сум видел страдање во бело
Прекриено со толкава прекрасна убавина
И женствено достоинсво
Облагородена грациозност
Тоа убива
И боли
И храбри
И исцелува
Си мислиш ...
Со поглед
Вперуваш
А целта ...
Бесконечна
Погледот ти се храни со убавина
Мир и љубов те прекриваат
Како топла мајчинска прегратка
И некоја цврстина однатре ти дава храброст да опстоиш
Во разговорот
Свесен с-ум
Свесноста во мене ...
Не ми дава да бидам обземен
Свесноста во мене ...
Ах таа свесност
Тој висок врв вперен во небесата
Ништо не може да го преплави
Дури ни љубовта
Ни страдањето
Ни смртта
Само слободата може ...
Седам така в-чудо-не-виден
Свесен
И не можам да му се из-на-чудам на горнион
Ме става во искушенија на кои не можам да им подлегнам
Свесен с-ум
Знам дека боговите заоѓаат во мирот
Бев почестен да го почувствувам мирот
Во ...
И ...
Тогаш повторно светнаа солзите
На границата
Помеѓу световите
Ах, само да знаете колку во моментов ми сметаат зборовите
И ми недостасуваат исто-в-ремено
Свет` е овој свет
Иако не-до-изречен
Тој кажува се`
Преку својата не-до-из-реченост
И` погледнав во бесконечноста
А таа ми рече
Ова сум јас
Се насмеав
Внатре
Во себеси
Молчеливо
Човек копнее ...
Копнее по самиот себеси
Ах, колку боли тој копнеж
За себе-спознание
Се` додека ...

Saturday, June 4, 2011

Митарење

Умираат старите мисли, зборови и дела
Како стари влакна од зимските ни руна
И се` додека во нас врие крвта врела
Копнееме за трон, за жезло, за круна

Секое его сака да остави своја трага
Па макар натопена со туѓи солзи и крв
Убеден во вистинитоста на својата лага
Секој сонува за некаков имагинарен врв

Тежнеејки да ја оствари посакуваната цел
Користи средстата што му се на располагање
Несвесен дека малку дал а премногу зел
Плодна е почва за нова смрт и повторно раѓање