на боледување сум
долго
веќе неколку години
ме болат
скршените рамки
растопената боја на цвикерите
срчите во погледот
јасната острина во зеницата
црвената крв
напластените лаги
цврстината на гневот
кревката љубов
стравот од повторно промашување
неисцеленоста
туѓите соништа
самозаведувањето
ме болат
сомнежите
ставовите
надежите
откорнувањето
преселбите
втемелувањето
новите ѕидови
на боледување сум
а не знам шо ми е
и знам
растурен сум
сакам да се соберам
и да им се одмаздам на боговите
за се-мирската завера
и да ми простат
корените
што ги измамив со плодовите
не ме бидува
боледувам
а се’ изгледа лажно
како да не ми е ништо
ко да сум здрав
а не сум
боли невидливата болка
длабоко
во срцето
невидливи рани
невидливо крварење
а толку боли
чувствувам
а не можам
да ја изречам болката
боли
господе
боли
...
No comments:
Post a Comment