Friday, April 3, 2009

2 Април, 2009 - 20:23

За парите и суеверните

За да има пари во вашиот дом, на денот на земањето на платата не треба да се потроши ни еден денар, туку целата сума треба да преноќи во куќата. Некои мудри луѓе од светот цела година чуваат една банкнота, за да може да се надополнува, и така со Вашата енергија ќе привлечете за себе и други пари.
Пари нема да имате ако свирите со устата во собата каде што ги чувате парите, или ако собирате трошки од масата со рака, не се дава на заем леб и сол, затоа што среќата ќе премине во друго семејство.
За да ги задржите парите во куќата да се постави метла со дршката надолу.
Зголемување на платата најдобро е да ја побарате во средина на денот.
Не се даваат на заем пари во понеделник, не се зема на заем во вторник и не се враќаат долгови во петок.
Земајте и давајте заем само насабајле рано, затоа што навечер доаѓа до распад на парите.
Трудете се да не земате на заем пари, туку да давате, за парите да се враќаат кон вас.
Во џебовите на пантолоните ставајте ситни пари. Парите не сакаат скинати џебови и копчиња.
Никогаш не го држете новчаникот празен, барем некоја монета да има.
Сите банкноти треба да се чуваат со лицето кон газдата.
Во најмалиот дел од новчаникот ставете една банкнота барем еден долар свиткан во триаголник.
Исто така, пожелно е да се зачува една монета од успешна зделка или од добар човек или од првата плата, и таа не треба да се троши, затоа што пари нема да доагаат кај вас.
Пари од игри на среќа, спечалени нечесно, најдени или подарени, не носат среќа и затоа не треба да ги задржите, дајте му ги на некого или брзо потрошете ги.

No comments: