Црните вдовици оплодени од двоглавите орли црни
Отровни црнила во срцата на младоста сеат
И колку да сакаат да глумат елегантни срни
Плодовите на своите семиња еден ден ќе ги жнеат
Но мене одамна не ме интересира белоглавиот суп
Туку пирот на волците, лавовите и тигрите крвожедни
Верувајте ми, сега се чувствувам ужасно глуп
Бидејки пишувам стихови за оние по дух бедни
Еднаш одамна бев убеден дека нешто ќе сменам
Ако јавно прозборам за смртоносните и злите
Верував дека со убав збор можам срца да им пленам
За возврат за’ржаа по мене и кучките и пците
Навистина постојано вам ви се чудам
Не ви е мака да се бавите со туѓата глупст и беда
Додека јас на свој начин се трудам
Да излечам понекоја нарцистична повреда
Дедо ми, Бог душата нека му ја прости
Велеше дека змијата се тепа во глата
Не знам дали е мудрост или некој од неговите глупости
Но знам дека ако не’ стемни, нема да не’ раздени двата
Суета, се’ е суета, постојано мудрецот го повторувам
И кога ќе дојде денот смртта данокот ќе си го земи
Господе Боже, прости ми што пак за ова зборувам
Подобро ќе беше усниве да ми останеа потполно неми
No comments:
Post a Comment