Sunday, May 11, 2008

Губење

Во потрага по светлината
Во мракот свој се загубив
Во минато ја претворив иднината
И во смртта своја се заљубив

Немав појма за себеси и за светот
Мислев се’ тече, се’ се менува
Му станав роб на интернетот
Ноќта почна да ми се разденува

Со умот туѓи мисли допирав
И туѓи чувства в срце ми доаѓаа
Често креирав, понекогаш копирав
Стиховите во мене умираа и се раѓаа

Глумев умен и бев лажно скромен
Бев непокорен, брз, циничен, пргав
Рани од тоа време носам ко спомен
Пред мене туркав, а зад мене тргав

Попуштаат сега сите екстремитети
Животот на смртта арач му плаќа
Последица од многу направени штети
А умот, умот секогаш покасно сфаќа

О срце мое неуморно и свето
О душо моја вгнездена в среде
Колку пати те имам проколнето
Јас его лудакот несвесен и беден

О Господе Боже се молам еве пак
Не дозволи да скапам без да прогледам
Дај ми Господе сила и нов знак
Да продолжам да се борам и да победам

Знам дека сум мрзлив во последно време
Помогни ми, Те молам, од калта да се извлечам
Не дозволи,Те молам лукавиот да ме земе
Помогни ми душава од глупост да ја излечам

Помогни ми барем тро светлина да видам на крајот
Тро љубов да споделам со некоја душа сродна
Знам дека јас сум одговорен и за пеколот и за рајот
Помогни ми за Тебе Боже да станам почва плоднa

Ом Саи Рам

No comments: