Твојта љубов беше само обичен хир
Ме зеде за жена оти бев директорска ќерка
Тоа ми го рече убиецот на мојот внатрешен мир
Тоа ми го рече една ламја, една женска ѕверка
Ме прободе длабоко во срцето ко со меч
Се расплакав од дното на душата како дете мало
О Господе Боже - УБИ МЕ ПРЕЈАКА РЕЧ
Го жнеев она што моето слепило го посеало
И само на Еден за ова сега и овде сум му благодарен
Ако не беше Тој, јас и денденес ќе страдав
Тој од Бога на кратко ми беше подарен
Тогаш кога во сонот плачев, пелтечев, бладав
No comments:
Post a Comment