Таа беше еднаш дел од моите несвесни содржини
И’ подадов рака и ја дигнав горе во свеста своја
И одеднаш блесна како сонце во мојте неба сини
И на виножитата мои им ја врати живата боја
Таа не знаеше многу за самата себеси
Дека е Ангел со неисцрпна боженствена моќ
И стана најсјајна звезда на моите небеси
Месечина што над мене бдее секоја ноќ
И денденес самиот на себеси си се чудам
Како и’ успеа да го маѓепса во мене Богот Стар
Со името нејзино в срце, секое утро се будам
О, Царице моја, неизмерно те сака твојот Цар
Monday, December 31, 2007
дУпЧЕЊЕ
Мастурбации Јурак, мастурбации, телесни, ментални ... мастурбации.
Се расфрламе со сопствената животна енергија несвесни за нејзиното значење
И затоа сопствениот живот наместо со БЛАЖЕНСТВО, си го испонуваме со МАЧЕЊЕ.
И мислиме дека ние некого ебаме
А всушност се ебаме самите себеси
И само уште едно тело ќе погребаме
Во бескрајот на вечните небеси
Ќе се (само)убиеме, по којзнае кој пат
Само заради тоа што НЕ ЗНАЕМЕ
Немаме појма за ВИСТИНАТА бе брат
И затоа после секое ебање се каеме
А вистината ни е баш сега и овде пред носо
Но ние место да ја откриеме - ЈА ДУПИМЕ
И потоа се трудиме да сфатиме - ВОШТО Е ШТОСО
Несвесни дека и после ова ебање ќе заглупиме
ОНИЕ ШТО ЗНААТ, тие се одмна на ПРАВИОТ ПАТ
Ние другите по беспатијата на лукавиот талкаме
Ова ти го кажувам тебе Јурак, ко на брат
Главата своја ко топка во правта ја чалкаме
За сопствениот живот џиткаме коцкарски зар
Убедени дека еден ден среќата и нас ќе не стрефи
И секое ебање го доживуваме ко зијан, а не ко ќар
А потоа бараме смисла и креваме ментални џефи
Откако смислата ќе ја искипаме таму во мракот
Се чувствуваме безсмилени, килави, празни
А по сопствената смисла копнееме и јас и Јуракот
Додека сомнежот со страв срца ни дразни ..... -
By Jove 29 Декември, 2007 - 13:13

Tuesday, December 11, 2007
Љубов
еднаш едно мало дете ме праша “љубовта што е?“
а јас не знаев соодветен одговор да му дадам
па мудро му одговорив “знаеш што, мило мое“
“јас од љубов сум створен, а за љубов страдам“
а јас не знаев соодветен одговор да му дадам
па мудро му одговорив “знаеш што, мило мое“
“јас од љубов сум створен, а за љубов страдам“
Forum
Mocta na umot
| |||
Јас неверниот Тома
|
Saturday, December 1, 2007
Кој ме прашва мене
Се ценкаат околу името наше
Лакоми, крвожедни и зли
Сон ли е ова ужасно страшен
Очепатени муцки од бесни пци
Името мое го стават на тас
И безочоно му одредуваат цена
И без да бидам прашан јас
Името сакаат дами го сменат
3.7.92
Лакоми, крвожедни и зли
Сон ли е ова ужасно страшен
Очепатени муцки од бесни пци
Името мое го стават на тас
И безочоно му одредуваат цена
И без да бидам прашан јас
Името сакаат дами го сменат
3.7.92
Самотијата како мотив за пишување
Самотија
Огромни количества самотија
проврени во тенките простори
на мојата кревкост
Однатре ме ништат празнини
кои сам никако не можам да ги исполнам
Осаменост гола како ладно железо
шиба однатре
Ѕверка споулавена и нескротлива
Бесна
Крвожедна
Ги бодри несигурноста и немоќта
во мене
Сам
како парче човечко месо
фрлено во челустите на чопор ѕверови
Сам
А колку љубов имам да дадам
Колку љубов можам
Колку
Но кому
Ми фали само еден миг
само еден контакт
исполнет со ронка вистинска нежност
и малку разбирање
Само малку
А дали е тоа можно
Кој денес е спремен да се даде себеси
Дел од својата душа
Оној најискрен дел од својата суштина
Кој е спремен да ја отвори портата
на смислата на
сопственото
самостојно
самобитно
самотраење
Јас
Јас
Јас чекам отворен како небо
Госпо ми е сведок
1982
Огромни количества самотија
проврени во тенките простори
на мојата кревкост
Однатре ме ништат празнини
кои сам никако не можам да ги исполнам
Осаменост гола како ладно железо
шиба однатре
Ѕверка споулавена и нескротлива
Бесна
Крвожедна
Ги бодри несигурноста и немоќта
во мене
Сам
како парче човечко месо
фрлено во челустите на чопор ѕверови
Сам
А колку љубов имам да дадам
Колку љубов можам
Колку
Но кому
Ми фали само еден миг
само еден контакт
исполнет со ронка вистинска нежност
и малку разбирање
Само малку
А дали е тоа можно
Кој денес е спремен да се даде себеси
Дел од својата душа
Оној најискрен дел од својата суштина
Кој е спремен да ја отвори портата
на смислата на
сопственото
самостојно
самобитно
самотраење
Јас
Јас
Јас чекам отворен како небо
Госпо ми е сведок
1982
Сеуште
Сеуште за вистински чекор не сум спремен
Сеуште длабоките душевни рани ги лекувам
Сеуште талкам по својот вилает темен
Сеуште во мене не-знаењето векува
Затоа сум повлечен од надворешниот свет
Сам со своето лудило, со својта глупост и беда
Сеуште голем дел од мене со мрак е исполнет
Со болка, гнев и тага од последната повреда
И се’ додека не излезам на виделото на својот ден
И се’ додека самиот не се погледнам во сопствените очи
И се’ додека од минатото свое не бидам ослободен
Опасен сум и несвесно можам да направам зло-чин

А таа ми рече
Твојта љубов беше само обичен хир
Ме зеде за жена оти бев директорска ќерка
Тоа ми го рече убиецот на мојот внатрешен мир
Тоа ми го рече една ламја, една женска ѕверка
Ме прободе длабоко во срцето ко со меч
Се расплакав од дното на душата како дете мало
О Господе Боже - УБИ МЕ ПРЕЈАКА РЕЧ
Го жнеев она што моето слепило го посеало
И само на Еден за ова сега и овде сум му благодарен
Ако не беше Тој, јас и денденес ќе страдав
Тој од Бога на кратко ми беше подарен
Тогаш кога во сонот плачев, пелтечев, бладав

Рајски плодови
Ги пробав скоро сите плодови од градината на Еден
Сите беа вкусни отрови за душата, за умот, за телото
Но ни еден од нив не беше доволно силен и вреден
Да ми го излечи слепилото и да ми го врати виделото
Сите беа вкусни отрови за душата, за умот, за телото
Но ни еден од нив не беше доволно силен и вреден
Да ми го излечи слепилото и да ми го врати виделото
Јас Љуман Арамијата
Јас крадам со погледи убави женски ликови
Јас крадам со мисла разни сладострасти
О Господе Боже, јас сеуште паѓам на неговите трикови
Ја се сеуште си ги чешам својте стари красти
Јас лажам со збор, јас заблудувам и замајувам
Јас продавам стихови префинето скроени
Јас успешно пред светот вистината ја затајувам
Јас сум едно од твоите чеда со лага задоени
Секојдневно се обидувам да ги искоренам од корен
Сите длабоко врежани ставови и поведенија грешни
Понекогаш истрајувам и докрај сум упорен
Но често мојте обиди се наивни и смешни
Многу често паѓам на неговите искушенија
О колку лесно лукавио ме заведува и заблудува
А потоа плачам и молам за прошки и утешенија
Џабе, тоа кратко ми трае, его лудакот пак полудува
Доволна е една мисла, еден поглед и пак сум долу
И пак одоздола, од дното, вриштам за спас
И самиот себеси си велам - О ти невоспитан волу
До кога место тебе ќе морам да страдам јас
И одново, и одново во истиот круг се вртам
И одново падни-стани по патот свој правам
И одново во сонот се превртувам и со заби чкртам
И одново во сопствената глупост и беда се давам
Едно ме чуди - никако не престанувам со обиди нови
И покрај сите грешки јас се обидовам одново и одново, пак
Да го исчистам умов од сите ментални отрови
И да си докажам самиот себеси колку сум душевно јак
Грешам, па шо, не сум ни последен ни прв
И учам, учам да бидам мирен, умен и добар
Свесен сум дека оваа наука се плаќа со крв
И дека самиот на себеси сум си и родител и гробар
Затоа често Творецот покорно го молам
Да ми го покажи патот со својот невидлив прст
И да ми помогне сите страданија да ги преболам
И во оваа Голгота, јас распнатиот, да воскреснам на својот крст
Ноември, 2007 AD

Не знам шо ме чека
Смртта ме набљудува со поглед на срна
Додека во себеси го убивам на птицата летот
Од нејзините очи црни дождови врнат
О Господе Боже, што се случува со поетот
Ја зграбил за гуша лагата своја
И умира со неа ко свенат лист
Додека мртвите сништа над гробот му стојат
Тој верува дека живеел живот невин и чист
И се раѓа нов живот во неговата утроба
Иако смртта и него ќе го земе со себеси
Тој спрема во срцето свое нова нуклеарна проба
Чиј троскот ќе се чуе и чиј чад ќе се дигне до небеси
Тој сака старите згради од темел да ги сруши
И со нов материјал нови сништа да изгради
Тој сака нови и подлабоки нафтени извори да буши
Тој средновечниот старец со идеали млади

Шо е битно шо ќе речи свето
Додека лазиме по Мајкава Земја
а сонуваме за лето’
Зарем е битно шо ќе речи
за нашио’ сон свето’
а сонуваме за лето’
Зарем е битно шо ќе речи
за нашио’ сон свето’
Ми влезе ѓаоло
Шубо си бев со камионо и со пато
И наеднаш од ненадеж ми влезе ѓаоло
Си кладов си велам, беља на врато
Ќе се возам со него, а си возев соло
Тој натемаго е компилација чудна
Не мојш да го фатиш ни за опашката ни за глата
Од убаа леснина, прај ситуација трудна
Абе си велам, ш’убо ми беше јас и камионо, двата
Ама ај разбери се со лукавио ако можиш
Ќе те купи, ќе те продај и нема да го сетиш
И сета своја сила против него да ја вложиш
Пак планојте негој не мојш да ги пореметиш
Тој ни ора, ни копа, а со секој тикви сади
Тој е левата рака на Госпо, тој искушува
И независно колку сме стари или млади
Тој со сите свој итроштиње врз нас се срушува
И секојдневно со по некоја загатка ме тестира
А јас често на удрен се правам
Ама типо пак не ме остава на мира
Независно дали на дикат го клавам
И знам дека нови стапици ми спрема
То му е работа, зато од Госпо е створен
И секојдневно од мене данок во крв зема
Се додека еден ден не г’откорнам од корен
1.12.07 AD

Subscribe to:
Posts (Atom)