Tuesday, March 12, 2019


Прво трпеливо изброј од еден до сто
Ако планираш качување на својот врв
За да не се рокниш од сопственото дно
Бидејки тоа се плаќа со данок во крв

Не, јас никогаш не бројам ни до еден
Јас верувам и скокам во живата река
И не ми е гајле дали ќе сум повреден
И баш ме боли на крајо шо ме чека

Знам дека животот по дифолт е ризик
Кој рескира некогаш губи некогаш добива
Е сеа опасно е ако се прајш голем шизик
Тогаш живото на секој чекор ќе те побива

Битно е да се стремиш кон своите цели
Со чисто искрено срце и со отворен ум
Бог сака студени умови и срца врели
З’ш камено срце и врела глава прат зулум

No comments:

Post a Comment