Sunday, June 30, 2013

Шо да ти кажам



Шо и да и кажам, ќе биде залудно, душо моја
Шо и да ти речам, ќе биде грев, срценце мило
Посакав со љубов универзумот да го освојам
Зад себеси да го оставам она што некогаш било

Шо да ти кажам, шо да ти објаснам, не знам
Зборот не може да го опише неописивото
Потребно е време од сево ова да се отрезнам
И да продолжам пак да си го фурам живото

Јас сум жива смрт за смртоносното слепило
Му давам длабочина на погледот зад зеницата
Го поттикнувам она што би го поткрепило
Небесниот лет во мртвите крила на птицата

Мојот збор како хирушки скалпел лекува
Мојот збор може да е убиствен ко оловно зрно
Со прецизна јаснотија маглата ја пресекува
Со бела светлина го преплавува јадрото црно

Како би ти ја објаснил љубовта, ако не ја чувствуваш
А стравот и сомнежот ти се вообичаен животен стил
Ако место во сега и овде, ти во минатото присуствуваш
Секој мој понатамошен збор за тебе сувишен би бил

О прекрасна душо, ме прашуваш дали си ме повредила
Јас сум неповредлив, знам како лукавиот заведува
Жалам што лагата негова над вистината твоја победила
И повторно тој душата твоја како залог ја поседува

Дека го разбираш ова што го пишивам, не верувам
Бидејки твојот его ум цврсти факти и логика бара
Што и да кажам, ќе мислиш дека јас претерувам
Додека тој со канџите остри срцето твое го пара

Не, нема да ти објаснам, за тебе сеуште е рано да сфатиш
Прости ми што те преценив, ти за ова не си спремна
Сепак сакам да ти помогнам страдањето да си го скратиш
И да си ја одмалиш негативната карма овоземна

Сакам, о прекрасна душо, кога енергиите ќе ти слегнат
Пак да се отвориш и да продолжиш да работиш на себеси
И да го ослободиш Оној што в пранги цврсти е впрегнат
За да полета во бесконечноста на боженствените небеси


No comments:

Post a Comment