Sunday, June 30, 2013

Логика


Бев дел од нејзиното минато и ме пронајде “случајно“
И станав дел од нејзината сегашност само на кратко
Отпрвин бев откровение, а после бев последно лајно
Со суптилен отров го заслади емоционалното слатко

Не, не те обинувам тебе, знам дека лукавиот стави рака
Ти нацртав уште на почетокот, ако воопшто се сеќаваш
Тој тебе, на твојата повредена душa, намерно ти прави така
Ти помага да не го исполниш она што од срце го веќаваш

Отпрвин ти дозволува да се залеташ со невиден ентузијазам
Во нешто што се вика љубов, а баш за тоа не си спремна
И потоа тој вели: “Е сега со логиката своја ќе те згазам!!!“
И љубовта твоја ќе ја заробам во срцевата зандана темна

Ќе ја опашам со кинески ѕидови, со метални оклопи и штитови
А врз тебе ќе фрлам магија составена од сомнеж и страв
Љубовта ќе ти стане еден од одамна заборавените митови
А јас со мојата трезвена логика ќе те изведам на патот прав

А оној од минатото, што со хвалоспеви го возвишуваш ревно
Ќе го ставиме на црната листа и ќе биде непријател број еден
Зарем не гледаш дека тој е куче, од се’ незадоволно и гневно
Тој е его лудак, идиот,кретен, заведувач, ѕвер, зол и безвреден

И така логиката само за неколку недели направи салто мортале
Од смеа и радост, од прекрасно дружење, се изнедри облак темен
И на целата позитивна енергија што еден на друг сме си ја дале
Со логиката на лукавиот, предзнакот за миг и‘ беше одземен

Позитивното се претвори во негативно, а доброто стана зло
И се’ што се случи меѓу нас одеднаш доби еден друг тек
Врвот неизбежно мораше да се соочи со сопственото дно
Во отров се трансформира она што пред некој ден беше лек

Тоа се случи, а ти тоа не го забележа душо моја мила
Да токму тоа се случи, љубовта со логиката ја смена
Сонот за светла иднина одеднаш стана штица гнила
Во аждаја се претвори љубезната, кротка и нежна жена

А јас, јас сето тоа уште на почетокот го нацртав свесно
И чекав да видам кога лукавиот ќе си ги покаже роговите
Господе, да се биде искрен, чесен и доследен, не е лесно
Бидејки Твојата лева рака постојано не’ искушува сите

За мене ова беше само уште едно од Твоите искушенија
Уште еден неуспешен обид нечие срце со љубов да отворам
Знам дека животот никогаш не ми нудел лесни решенија
И ме учел со љубов и мудрост да го правам тоа што морам

А тебе, о прекрасна душо, ти бел облаку на моето небо сино
Ти посакувам милоста божја на патот на свесноста да те прати
Фала ти што на кратко го дружеше дечкото од старото кино
Верувам дека еден ден твојот ум логиката на срцето ќе ја сфати




No comments:

Post a Comment