Sunday, June 30, 2013

Облаче


Не се плаши облаче, нема да те скршам
Ќе те составам како коцки Лего
А потоа ко ветер јужен ќе те распршам
За да ме сфатиш и мене и Него

Не се плаши облаче мало и лекокрило
Јас не сум ни ураган, нити пак торнадо
Ќе те ослободам од она што некогаш било
Јас сум пастир, те молам, биди мое стадо

Не се плаши облаче, тоа е обичен его трик
Ја знам играта меѓу мракот и светлината
Ти кажав, сеуште не ти е јасен неговиот лик
Завиткан во маглите на кармата мината

Не плаши се облаче, препушти му се на ветерот
И дозволи му на срцето твое на Патот да те води
Судбините одамна сме ги врежале во етерот
А љубовта наша и милоста Божја ќе не’ ослободи


No comments:

Post a Comment