понекогаш ми е мака стихови да креирам
а толку многу човече сум си креативен
енергијава креативна не мом да ја смирам
во срцево имам творечки нагон здивен
фрчат однатре стихој, строфи, песни
абе да ти е мерак, ко бисери да нижиш
појќето од нив се навистина интересни
убајна, мојш да пишиш и да си мижиш
абе ова не го било на свето и на веко
бликаат рими ко од извор што течи вода
си велам - сал ова за душава ми е леко
во светов на идеите е мојата слобода
крадам зборови од хрониката акаша
така ќе да ми е наштелован его умо
си делкам од етеро без никој да прашам
си пеам мантри и си талкам по друмо
и кур ми е двор ми е, право да ви кажам
сега засега госпо ме чува од лошо
знам дека имам уше многу да истражам
ама пубо да ташам и да се прам на тошо
No comments:
Post a Comment