Friday, January 6, 2012

сеуште те думам прекрасна убавино

те вкоренив длабоко во моите чувства, во моите думи
прекрасна убавино, сега само тажно сеќавање си ми
понекогаш тие чувстава и тие мисли ми прават зулуми
и жешките лета ми ги претвораат во студени зими

и сеуште те думам тебе, о премила прекрасна убавино
знам да се наежам и да воздивнам кога ќе се сетам
и кога ќе ме преплавиш, о ти емоционална лавино
како озрачен од љубовта кон тебе повторно светам

иако болиш како срцев напад, како жариште воено
јас со насмевка на лицето се сеќавам, о душо мила
бидејки ова его досега неламо таков врв освоено
ти беше лет во кој уживаа моиве небесни крила

беше и длабочина во која со задоволство потонував
прегратка за која се плашев дека ќе ја изгубам
жена со која еден краток животен сон отсонував
ти благодарам убавино што ми дозволи да те љубам

No comments:

Post a Comment