ме сакаат боговите а јас им се лутам
за се` што мојот ум погрешил на пато
и наместо да фурам и да си ќутам
во олово го претворам нивното злато
ме сакаат боговите за тоа сум свесен
иако свесноста повремено ја губам
тогаш кога сум депресивен или бесен
во лукавиот несвесно кога ќе се вљубам
ме сакаат боговите јас нивно сум чедо
ме лулкаат и со љубовта нивна ме појат
и знам дека сеуште не ми е дојден редо
божјите благодети срцево да ми го освојат
знам дека боговите ме сакаат како и јас нив
и знам дека еден ден тоа ќе го спознаам
и иако ни еден не ми е ни доложен ни крив
кога сум лут по сите нив ко бесно куче лаам
No comments:
Post a Comment