Thursday, October 20, 2011

NUOVUS ORDO SECULORUM

лукавиот се воврел во умовите помрачени
и со врело железо срца заблудени жигосува
од коренот на лозата многу нишки одлачени
папата лично ѕверот го крсти и блаосува

оние што го распнаа Спасителот сакаат сега
да ги поробат душите на Неговите божји чеда
јамаката ѕверот сам околу вратот си ја стега
кога тогаш ќе потоне во својта глупост и беда

убедени дека Госпо за мадиња го имаат фатено
разгоропадено убиваат по светот - демократски
несвесни дека кармата не си ја имаат доплатено
безочно го промовираат својот режим автократски

веруваат дека сите конци в раце ги држат цврсто
зборуваат преку парите и јазикот на нишанот
не знаат дека само со едно мало движење на прсто
секое масонско копиле може да биде збришано

поклониците на мамона се толку силно уверени
дека тие владеат со светот, преку пари и моќ
мислат дека преку цевките кон сите нас вперени
можат светлиот ден да ни го претворат во црна ноќ

дека се таинствени патиштата Божји тие не знаат
не веруваат дека љубовта го одржува жив светот
и додека зад петици пциштата нивни ми `ржат и лаат
заедно со словото Божје се дружиме јас и поетот

сме одбрале тема за новиот поредок светски
сме решиле мал придонес да дадеме личен
сакаме да го отсликаме на наш начин поетски
овој момент кој го сметаме за клучен и критичен

свесни дека ова е време на злото или kali yuga
свесни дека ова е дното и врвот на човечката еволуција
и скоро секој човек кој на молохот му е покорен слуга
истовремено е бојно поле за нова духовна револуција

од бездната се раѓа свесност на многу високи нивоа
новите отелотоврувања гласот Божји во себе го носат
копнее за слобода секое битие од арката на Дедо Ноа
робовите се` почесто и погласно на ѕверот му пркосат

ова е време на длабоки промени во човечките срца и умови
време на откорнување на старото и вкоренување на новото
време е за напуштање на ќорсокаците и мрачните друмови
и свртување кон вечните врдности пренесени преку словото

Господе имај милост кон заведувачите и кон нас заведените
Господе отвори ни ги срцата а посебно отвори ни ги умовите
Внеси љубов во срцата на мажите и мудрост умовите на жените
И помогни ни да не заталкуваме по на лукавиот друмовите

No comments:

Post a Comment