Wednesday, May 18, 2011

Исус Христос од Назарет

Слегуваме на земјава според волјата Твоја
Слегуваме Господе како несвесни Богови
И секој во себеси го носи коњот од Троја
Секој ќе биде искушан од оној со рогови

И јас како и вие имам убедувања и искуства
И јас како и вие имам едно тело и еден ум
И јас поседувам разни мисли и разни чувства
И јас се обидувам да спознаам кој сум, што сум

Се среќаваме повремено во реалноста виртуелна
Понекогаш во сон,а понекогаш во состојба будна
И секое его сака да завземи позиција челна
Водејки некаква си несвесна его игра залудна

Секој нешто научил, доживеал, искусил, пробал
Секој грабнал ронка мудрост од Твојата вселена
Секој дел од душата своја на ѓаволот му продал
Секој по тро ја искакал и помочал белата пелена

И Го грабнал својот Бог под мишка ко книга
И цитира зборови и стихови наизуст научени
И до небеси својот глас Господе го подига
А не знае за злосторствата во име Твое случени

Се бориме како крвожедни ѕверови во оваа арена
Ние паднатите ангели со бесни умови и срца огнени
И сите сонуваме за рајот, за земјата ветена
Додека зла крв тече низ нашите артерии и вени

Некој се фатил за Тебе Исусе Христе, О Господе Боже
Некој цврсто се држи за Мохамед, Заратустра, Буда
Премногу труд во задржување на предрасудите е вложен
Од страна на секоја земна заблудена глава луда

А јас, јас запамтив само една реченица вистинита
“УБИЈ ГИ“ АКО НА ПАТОТ ГИ СРЕТНИШ ИСУС, МОХАМЕД ИЛИ БУДА
Додека нив не ги “убиеш“ умот твој и натаму ќе скита
Во земјата на Алиса исполнета со безброј разни чуда

No comments:

Post a Comment