Saturday, April 19, 2008

превземено од блогот “матилда“

*Ако твоето срце нема пријателска порта,ти си од погрешна сорта*

*Важно е пријателите да те сакаат ,но поважно е да ти веруваат*

*Кучето за разлика од човекот,има многу пријатели бидејќи мафта со опашката,а не со јазикот*

*Кога одбираш пријатели-не брзај;уште помалку кога ги менуваш*

*Вистинските пријатели се како дијаманти:ретки,но скапоцени.лажните пријатели се како есенско лисје.ги има во изобилие*

*Не биди му Јуда на оној што ти е Исус*

*Пријателите се како парите:полесно се спечалуваат,одошто се задржуваат *

*Пријателството е завет што го потпишуваш со насмевка ,а го раскинуваш со солзи*

*Секој ќе искаже сочувство во твоите жалости,но само пријателот ќе искаже радост на твоите успеси*

*Кога тишината не ти е непријатна,знаеш дека си меѓу пријатели*

*Ако пријателството со некого треба да го купуваш-немој да се трошиш*

*Лажните пријатели се како сенките:присутни се кога е сончево,а ги снемува кога е облачно*

*Вистинскиот пријател е твоето трето око и шесто сетило *

*Пријателите се како свеќа која светипосилно ,кога станува потемно*

*Додека непријателот те испраќа бестрага,пријателоти таму ќе те придружува*

*Пријател е тој што ќе те утеши,а ако не може ке седни до тебе и ќе ти прави друштво*

*Пријателите се како штедна книшка:од нив можеш да извлечеш онолку колку што си вложил*

*Пријателе!-Повели!-Ништо.Само те проверувам *

*Тој што им е пријател на сите,не му е пријател никому*

*Попаметно е на пријателот да му простиш,отколку да го загубиш*

*Пријателство од сожалување,завршува со сожалување*

*Пријател ти е оној што твоите непријатели ги смета и за свои непријатели*

*Пријателот треба јавно да го фалиш,а насамо да го кудиш*

*Кои ти се пријатели ,ќе откриеш после твоите порази*

*Во политиката непријателите можат да те повредат,а пријателите да те уништат*

*Немам проблем од непријатели...но од пријатели сон немам*

*Пријателите ти аплаудираат .Значи,комедијата е завршена*

*Непријателите си ги заслужуваме,пријателите ни се подарок*

*Тој што на својот пријател му ласка,стапица пред нозе му става*

*Потешко се освојува навреден брат,отколку утврден град *

*Пријателството е кршлива работа:држи го внимателно!*

No comments:

Post a Comment