Thursday, April 24, 2008

Јас и Ти (или Кога боговите паѓаа на теме)

Кога боговите паѓаа на теме присуствувавме и Јас и Ти
Им се смеевме и се радувавме и плашевме како деца мали
Кога боговите умираа исто како и нашите неисполнети сни
Ние од нивните остатоци изградивме за на небо скали

И верувавме дека еден ден и ние двајцата ќе се искачиме
Таму горе во небесните височини, на највисокиот врв
Но не знаевме дека толку многу ќе се изнамачиме
И дека одот нагоре ќе го платиме со сопствената крв

Отпрвин мислевме дека животот е песна, обична зафрканција
Младоста не заведе со сопствената леснотија на постоење
А подоцна сфативме дека смртта ни е единствената гаранција
Крајот беше неизбежен ужасен спас од долготрајното гноење

Хахахахахаха, бевме богови излажани со шише Coca Cola
И’ поверувавме на судбината, на ветувањето, на сонот
И баш сега и баш овде, додека се смеам, до срце ме болат
Челичните решетки од оградата и погледите од балконот

Знам дека и од оваа висина имам сеуште нејаснотија во видот
Синилото на небото ми се меша со ветриштата, маглите и облаците
И додека егово ми е рачеречено во борбата меѓу совеста и идот
Јас се трудам да ја сфатам симболиката на призраците

Издигнувања и падови,одблесоци и помрачувања, постојани искушенија
А Јас и Ти - исто како да повеќе не постоиме во овде и сега
Се’ повеќе проблеми твориме, а се’ помалку изнаоѓаме решенија
Синџирот околу нозете, а јамката околу вратот се посилно не’ стега

Одот ни е забавен, а од угорницата се почесто здивот го губиме
Патот е долг и стрмен, а времето е се пократко и не’ убива, тик-так
Сонуваме дека уште еднаш можеби еден во друг ќе се заљубиме
А никако не ни успева да внесеме тро светлина во заедничкиов мрак

Ни останува само да му се помолиме на Бога за милост
Господе помогни нам на теме паднатите богови
Да ја отстраниме од срцава наши сопствената гнилост
И да престанеме да му робуваме на оној со рогови

Ом Саи Рам

No comments:

Post a Comment