болен с-ум
ме боли срцето
ме боли главата
ме боли се’
јас-с-ум својот отров и својот лек
умов ми го наполнија и си го наполнив со глупости
срцево со негативни чувства
а душата?
ах, таа светлина што ми недостасува во мраков
ја посакувам
и се плашам од неа
ја прекривам со талози црнила
ментални
вербални
телесни
и потоа
кукам
завивам
вриштам
длабоко внатре во без-дната
убеден дека ќе ме чуе НЕКОЈ
јас се искршив себеси на парчиња
и се расфрлив себеси по патот,
во мракот
и сега се враќам назад и со наведена глава
се џарам лево десно
обидувајки се да ги најдам изгубените делови од мојата целина
мислев дека имам доволно доблест
ама се прелагав
ме прелага
мојот ум
ја-с-ум
затоа ме нема
не постојам
и моето не-постоење ме убива
ми ја разнебитува сржта
суштината
смислата
и љубовта
сонувам бајковито
а животот ми е ноќна мора
верувам
а сомнежот ме разорува
благодарен сум
а незадоволство е како жар со пепел прекриен
фениксот сеуште не се издигнал од пепелот
заради жарот
можеби
копнеам по ...
господе
прости ми
No comments:
Post a Comment