Хахахаха, бевме деца и си игравме радосно во калта
Во песокта донесена од дождо си праевме планети
Во зима се санкавме затуткани во шалој и зимски палта
Во лето се капевме во Драгоро, со живот бевме исполнети
На пролет крадевме зелени сливи, зрели јагоди и черешни
Есента беревме грозје од лозјето тро погоре од Хераклеа
Знаевме од лошите животни искуства да напрајме вицој смешни
Киневме купишта зелени и се акавме од земја од смеа
И покрај сите страдања, животот безгрижно ни течеше
И покрај сите детски болести, сепак преживеавме
Детството исполнето со игра и радост рани ни лечеше
Па сепак, сите , докрај да се излечиме, не успеавме
Со текот на годините не зафати истата смртоносна чума
Заглавивме во светот на возрасните, светот на мртвите
Почнавме да се губиме, заталкавме низ бетонската шума
Станавме уште една тула во ѕидот, уште една од жртвите
Некој избра, а некој судбината го фрли на другио крај од свето
Некој успеа, а некој не, но во суштина почнуваше да не’ нема
Станавме само избледени слики, излитени спомени во сеќавањето
А вечерва, вечерва, сме сите причина за мојава песна НА ТЕМА
Децата од мојата улица
Тргнавме сите по остварувањето на своите соништа
Кој горе, кој долу, кој лево, кој десно
И не верувавме дека годините ќе не поништат
Или не сакавме да веруваме, барем не свесно
Бевме убедени дека можиме свето да го измениме
Силно посакувавме голем дел од него да освоиме
Почнавме еден по еден со ред да се вработуваме и жениме
А не знаевме како еден со друг крај да споиме
Не знаевме ништо за животот, за смртта, за смислата, за целта
Мислевме секој со своја глава, и секој имаше своја визија
Глумевме алфа и омега, а бевме само бета, гама и делта
Споредни глумци во некоја шпанска сапуница на телевизија
Животот не тераше да се соочуваме со она што не го сакавме
Бевме изложени на разни искушенија - издигнувања и падови
Најчесто по погрешни патишта заталкуваваме и акавме
А потоа си ги чешавме старите красти, душевните јадови
Само Господ знае што се случува со децата од мојата улица
Јас знам дека сеуште сум оној истиот - романтичен летач со умот
И не знам каде допрва ќе ме одвее животната виулица
Се надевам дека нема многу да ме исфрли далеку од друмот
Со песнава сакам сите деца од мојата улица ДА ГИ ПОЗДРАВАМ
И да им посакам милоста Негова по Патот да ги води
А за себеси сакам од болеста своја да оздравам
И ја молам се’- милостивата Мајка да ме ослободи
Навистина не знам шо ме натера да пишувам за децата од мојата улица
Но не можев никако да му одолеам на внатрешната инспирација
И ја склепав оваа песна одоко, на бафтана, кутурица
Од некои сеќавања, актуелни збиднувања и понекоја несвесна асоцијација
No comments:
Post a Comment