Sunday, March 2, 2008

поништување

оптегнат во креветов ко најтешка мрза
за идна љубов сонувам слатки соништа
свесен дека со нови карми ќе се врзам
и со страдање самиот ќе се поништам

секоја мисла што ја претворам во збор
не крајо сепак ќе заврши како дело
и со смрт ќе го платам својот непокор
јас пиздата што глумам копиле смело

се убедувам дека баш ме боли таквото
а од друга страна знам дека не е така
затоа седнувам и го земам стилото
и пишувам се додека не ме здоболи рака

велат перото било поопасно од мачот
велат острицата на јазико до срце сечи
и додека на детево мое му го слушам плачот
се сомневам дали времето раните ги лечи

а свесен сум дека всушност отвора нови
о господе боже каде и’ е на играва крајот
голтам нови ментални и телесни отрови
со истата темнина си го помрачувам сјајот

зошто господе, постојано тебе те прашувам
а знам дека јас треба одговорот да го дадам
од таквата одговорност ужасно се преплашувам
и затоа од ден во ден се’ повеќе и повеќе страдам

со разни фикции самиот себеси се залажувам
ах колку успешно во нивната реалност се убедувам
вицови што не сум ги знаел си ги кажувам
и ако егово ми го засегнат, богами, се навредувам

хахаха, често на сево ова слтко си се смеам
прости ми ти велам и со тоа си се смирувам
и пак одново зли мисли и зборови наоколу сеам
и наместо машки да умрам, јас се повампирувам

итар е умов , во себеси си постојано си повторувам
и луд е господе и глуп и севишен и свесен
прости ми господе, пак самиот со себе си зборувам
и одново станувам негов роб, а и плен лесен

па сепак сум убеден дека и за мене има спас
и покрај сева оваа ментално емоционална збрка
знам дека за сево ова сум одговрен само јас
иако лежам, сепак учествувам во животнава трка

No comments:

Post a Comment