Saturday, December 1, 2007

Сеуште

Сеуште за вистински чекор не сум спремен
Сеуште длабоките душевни рани ги лекувам
Сеуште талкам по својот вилает темен
Сеуште во мене не-знаењето векува

Затоа сум повлечен од надворешниот свет
Сам со своето лудило, со својта глупост и беда
Сеуште голем дел од мене со мрак е исполнет
Со болка, гнев и тага од последната повреда

И се’ додека не излезам на виделото на својот ден
И се’ додека самиот не се погледнам во сопствените очи
И се’ додека од минатото свое не бидам ослободен
Опасен сум и несвесно можам да направам зло-чин

No comments:

Post a Comment