Погледот го усмртувам со млечно блед неон
Кожата ми ја горат со фафчиња од Филтер Југославија
Наместо кослород дишам смог и фреон
А умот ми го трујат со фалсификувани заглавија
Вода пијам од бившите гробишта
Со канцерогени дози флуорисана
Мислата ми ја контаминираат снобишта
Државава в ендек ми е хаварисана
Џвакам помија од кортикостероиди
Џиновски батаци од амерички пилина
Произведуваат вируси на нови СИДИ
Полиестер во изобилство за милина
Низ реките течат непознати хемикалии
Наместо риби пливаат некакви мутанти
Се капиме во и голтаме од сопствените фекалии
Ја мирисаме реата од контејнерите и ѓубреџиските канти
Душите со злокоба ни се загадени
Војните се потреба на индустријата воена
Меѓучовечките односи страшно се заладени
Животната сцена со мртвило е обоена
Со животот управуваат на смртта владеачите
И зборот хуман го черечет и парчат
Господе се множат и зајакнуваат перачите
И животов мој со камата ми го арчат
4.9.97
Не е се така црно.
ReplyDelete