Friday, October 5, 2007

Граници на интелигенцијата

Не знам многу доволно знам
Во гимназија бев задоволен со двојка
Денес при незнаење чувствувам срам
Знаењето не е обична бројка

Знам да мислам но премногу не
Памтењето доста слабо ме служи
Мојот мозок не е CD
Околу обична оска да кружи

И покрај сите слабости и мани
Јас сепак знам многу да сонувам
Ги откривам скриените животни страни
Длабоко во себе кога потонувам

Што е знаењето без желба
Или без мотив памтење
Правилна ли е душевната делба
На ладно мислење и емотивно пламтење

Што мисли човек со нож в гради
Што чувствува мајка со мртво дете
Што знаат лудиве глави млади
Какви замки животот плете

Доволно сум уморен и доволно стар
Да сфатам дека животот е без гаранција
Обична бројка од коцкарски зар
И премногу озбилна зафрканција

7.6.93

No comments:

Post a Comment