Зборот ми се претвори во морница
Го почувствував како се качува
По мојата ’рбетна угорница
Како се поти како се измачува
Два дена го мирев со аналгини
Вулканот блуваше врела лава
Системот успеа да ја скини
Младата високо крената глава
Ме обзеде чувство на мачнотија
Со грч ми се покри челото
Немири во мене се вплотија
Длабоко во душата и телото
Претпоставував а не сакав да верувам
Зарем е вистина не не е можно
Халуцинирам пак претерувам
А морниците корнат поткожно
28.10.93
No comments:
Post a Comment