Подранувам
Ги завиткувам утринските сончеви зраци
меѓу две корици со црни букви
и бели сводови
И ги носам со себе в гимназија
и им ги давам
да ми ги оценат
А тие - оценуваат
А што?
Моите неспани грчевити ноќи во солзи
Моите сончеви утра
А тие оценуваат
А животот минува
И зарем можат да ги оценат оние утрински зраци
што секогаш ги собирав во китка
и ги ставав меѓу овие две корици
Не
А тие ги оценуваат
А колку подоцна ќе ми требаат тие утра згужвани
меѓу тие две корици со црни букви и бели сводови
Кога тие ќе изминат
сфаќаме дека се не-про-ценливи
Но тогаш ќе биде касно
Сега е касно
Бидејки тие се веќе зад мене
Останаа сите тие ноќи,утра,денови
Останаа во минатото
Во сеќавањето
Оценети
No comments:
Post a Comment