Saturday, October 13, 2007

За тебе којашто во љубов би се прекрстила

Нагонот е пес врзан што бесно ’ржи
Кога последен пат радост си му дала
Колку подолго под синџир го држиш
Толку почесто од тебе ќе прави будала

Сеедно е во какви стихови ќе го срочиш
Тој е нагон, тој е енергија сирова
И секогаш кога него го потискаш и кочиш
Имаш доживување на победа пирова

Љубовта е негова форма софистицирана
Таа е искра што факелот го пали
Енергијата во нејзиниот трезор депонирана
Е помоќна од сите нуклеарни централи

Не те познавам и не мом многу да речам
Знам само дека љубов би можел да те викам
И не знам дали сакам да се спречам
Или да продолжам со збор да те сликам

Имаш огин во очите, а во усните плам
Гордост во градите, во срцето жар
И не знам што јас би можел да ти дам
Какво битно парче од себеси на дар

Да ме паметиш и тогаш кога не ќе сум жив
Не знам што би можел, освен оваа песна
Кога би ти понудил дел од нагонот див
Претпоставувам дека на мене би била бесна

Неќам да ти се доближам повеќе од толку
Би му потклекнал сигурно на страста своја
Затоа е подобро да заминам молкум
Пред повторно да изгори некоја Троја

Р.Ѕ.

Твојот стил е болскот на молња
А мојот е безброј ровји што јачат
Љубов би те викал место Соња
Но имињата мене ништо не ми значат

7.2.97

No comments:

Post a Comment