Го оставив зборот сам да си речи
Сам да си кажи за својта агонија
Го пуштив како Црна змијулесто да течи
Низ Бившото Мочуриште Пелагонија
Го оставив зборот меѓу шамаците
Самиот да ја гази длабоката тиња
Му го препуштив зборот на АКМАЦИТЕ
Но очигледно немаат доволно мадиња
Го оставив зборот во бавча со рози
Пчелите од него да збираат полен
Ги уништи зборот македонските кози
Тоа беше збор на нечиј ум болен
Го оставив зборот сред улица
Во правта и смрдеата на ауспусите
Го одвеа зборот првата виулица
Му подлегна кутриот на вирусите
22.4.94
И сега на зборот соодветно место треба да ми се најде,
ReplyDeleteнекаде каде секој ќе го чуе
и од него да има некое фајде.