Ние сме безвредна стока на кило
Ние сме нус-производ и отпадок
Ние сме она што некогаш било
Ние сме отпишан подмладок
Ние сме творба на Големата лага
Ние сме повторена историја
Ние сме вечна душевна тага
Ние сме фалсификувана меморија
Ние сме експериментална генерација
Ние сме заморчиња на државата
Ние сме изроди на нашата нација
Ние не ја поседуваме главата
Ние сме млади и лакоми гадој
Ние сме најлошото што се случи
Ние испустивме и села и градој
Ние сме туткуни и глаучи
Ние сме нагрешка активирана бомба
Ние сме без пенџери небо
Ние сме на здрав заб пломба
И не знајме да си го вадиме лебо
Ние сме дежурни кривци за се’
Ние сме потенцијален вишок технолошки
Ние сме навикнати да велиме НЕ
Ние сме рефус биолошки
Ние сме за беспари на тезга понудени
Ние сме робови на пазарната економија
Ние сме на вечна Голгота осудени
Ние боледуваме од наследна аномија
Ние сме деца со срца скршени
Ние сме единици во дневникот впишани
Ние сме Божји дела недовршени
Ние сме идеали од времето избришани
Ние сме присилно смирени морина
Ние одмна во ништо не веруваме
Ние сеуште бараме човек со борина
Ние понекогаш навистина претеруваме
Ние сме потполно обезвредени
Ние сме духовно малаксани
Ние од глупоста сме победени
Ние на молохот сме таксани
Ние сме во ќорсокак пикнати
Ние се’ почесто беснееме
Ние на ова не бевме навикнати
Ние веќе не знаеме да се смееме
Ние сме емоционално осакатени
Ние сме интелектуално оштетени
Ние уште долго ќе бидеме несфатени
Нам други сништа ни беа ветени
Ние секогаш ќе им сметаме ним
Затоа што често контри удираме
И најубо е да с’удајме во Дрим
Ние не’аме шанса друго да бираме
Ние сме ефтина работна снага
Ние сме нов емиграциски бран
Ние сме последната македонска сага
И топовско месо во нечиј воен план
Вие очигледно не сте се дрижеле со правите дечки.
ReplyDeleteФондот за заем интензивно работеше со мене за да ми помогне да предвидам некои од проблемите со кои може да се соочи мојот бизнис. Не многу заемодавци би оделе до таа должина. Тие беа исклучително поддршка и одличен извор.
ReplyDeleteРаботата со г-дин Педро ми помогна да го развијам мојот бизнис план, идеи и бренд пред да започнам, па затоа бев подготвен да отворам успешен бизнис кога го добив мојот заем од г-дин Педро, службеник за заеми со огромно срце на чесност.
Контактирајте со г-дин Педро на pedroloanss@gmail.com / WhatsApp+1 863 231 0632.