Sunday, May 29, 2011

Осцилации

ОСЦИЛИРАМЕ МЕЃУ СОПСТВЕНОТО ДОБРО И СОПСТВЕНОТО ЗЛО
МЕЃУ СВОЈАТА ЉУБОВ И МУДРОСТ И СВОЈАТА ГЛУПОСТ И БЕДА
ТЕЖНЕЕЈКИ КОН СВОЈОТ ВРВ СЕ АКАМЕ ОД СОПСТВЕНОТО ДНО
А ПОТОА КАКО ДЕЦА ПЛАЧИМЕ НАД СЕКОЈА ЗДОБИЕНА ПОВРЕДА

Wednesday, May 18, 2011

Исус Христос од Назарет

Слегуваме на земјава според волјата Твоја
Слегуваме Господе како несвесни Богови
И секој во себеси го носи коњот од Троја
Секој ќе биде искушан од оној со рогови

И јас како и вие имам убедувања и искуства
И јас како и вие имам едно тело и еден ум
И јас поседувам разни мисли и разни чувства
И јас се обидувам да спознаам кој сум, што сум

Се среќаваме повремено во реалноста виртуелна
Понекогаш во сон,а понекогаш во состојба будна
И секое его сака да завземи позиција челна
Водејки некаква си несвесна его игра залудна

Секој нешто научил, доживеал, искусил, пробал
Секој грабнал ронка мудрост од Твојата вселена
Секој дел од душата своја на ѓаволот му продал
Секој по тро ја искакал и помочал белата пелена

И Го грабнал својот Бог под мишка ко книга
И цитира зборови и стихови наизуст научени
И до небеси својот глас Господе го подига
А не знае за злосторствата во име Твое случени

Се бориме како крвожедни ѕверови во оваа арена
Ние паднатите ангели со бесни умови и срца огнени
И сите сонуваме за рајот, за земјата ветена
Додека зла крв тече низ нашите артерии и вени

Некој се фатил за Тебе Исусе Христе, О Господе Боже
Некој цврсто се држи за Мохамед, Заратустра, Буда
Премногу труд во задржување на предрасудите е вложен
Од страна на секоја земна заблудена глава луда

А јас, јас запамтив само една реченица вистинита
“УБИЈ ГИ“ АКО НА ПАТОТ ГИ СРЕТНИШ ИСУС, МОХАМЕД ИЛИ БУДА
Додека нив не ги “убиеш“ умот твој и натаму ќе скита
Во земјата на Алиса исполнета со безброј разни чуда

Wednesday, May 4, 2011

старо ново

имам deja vu од некои претходни реинкарнации
чувствувам како искуствата ми се повторуваат
старите теми ми се јавуваат во нови варијации
духовите на минатото сега и овде ми зборуваат

господе како ништо да не се сменало со еони
старите рамки со нови слики се пополнуваат
пирамидите се запоседнати од новите фараони
новите зраци во старите сенки се засолнуваат

и денденес ја чувствувам шпанската инквизиција
вооружена со нови најсуптилни цензорски методи
ме брише без пардон новата крстоносна полиција
и секоја моја различност дирекно в очи ги боди

старите тронови од нови задници се запоседнати
златните жезла најцврстите раце гордо ги држат
главите на новите робови до земја се наведнати
истите `ртови и денденес по мене злокобно `ржат

старите глупости нови усти свечено ги изговараат
а јас отстрана жално ги гледам и пак им се чудам
пак за стари работи наново со ѓаволот преговараат
се преиспитувам себеси зошто јас за сето тоа судам

старото како ново да ми го подметнат се обидуваат
старите рани со нови лекови сакаат да ми ги излечат
и додека нови вавилонски кули в небеси подигнуваат
посакувам старите вредности срцата да им ги очовечат

Sunday, May 1, 2011

Господе, помогни ми

Господе помогни ми со его умов да се справам
Да престанам со ревносните борци да се борам
Помогни ми Боже љубов од се`срце да им давам
Она што е по волја Твоја, тоа и да го сторам

Господе помогни ми да ги надминам своите мани
Да ги прочистам умов и срцево од еонската кал
Господе, со љубов и мудрост Ти нив ги нахрани
И напој ги со живата вода од Твојот свет грал

Господе помогни ми да станам тро посвесно битие
И да се издигнам над сопствената глупост и беда
Да престанам да им го толкувам Христовото житие
И да си ја излечам сета длабока душевна повреда

Господе помогни ми на Патот повторно да се вратам
И внеси јасеновиден поглед во моиве заслепени очи
Помогни ми чесно цената за гревовите да ја платам
И да се идентификувам со Оној што во мене сведочи